Група здруженија од Штип со барање – анализите за водата да бидат транспарентно објавени

Група здруженија и невладини организации бараат од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов транспарентност во однос на анализите направени за квалитетот на водата за пиење. Имено, по направените анализи во Институотот за јавнот здравје Белград резултатите се дека водата е квалитетна и добра за пиење. Меѓутоа, од здруженијата бараат да ги видат анализите.

„До градоначалникот на Општина Штип е доставена ургенција од граѓански и повеќе здруженија. тие бараат транспарентност кој ќе ги добие анализите за квалитетот на водата од ХС Злетовица. Граѓаните треба да бидат доволно запознаени со квалитетот на водата“ – вели Митев.

За оваа проблематика се обративме и до првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов. За М-Нет телевизија тој посчи дека и тој бил скептик и токму заради тоа барал испитувањата да се извршат надвор од државата Првично било предвидено испитувањето да биде во државите од западот, но заради оправдани причини како полесна комуникација и заштеда не време истото се изврши во Белград.

Дирекотор на ЈП Исар пак со уверување до сите граѓани дека водата е чиста и квалитетна и овде нема простор за сомнеж. Истовремено додаде дека сите кои сакаат да направат увид во анализите тоа може да го сторат во јавното претпријатие.

„Ги уверувам сите и здруженијата и граѓаните на Општина Штип дека анализите кои се направени од водата се одлични. Сите кои имаат некој сомнеж во тие резултати слободно може да дојдат во ЈП Исар и да направат увид во анализите“ – вели Здравков.

Денеска во филтер станицата во Штип имапе константна, редовна инспекција која изврши увид во состојбата, на механизацијата , преработка и дистрибуција на водата и спред Здравков се е во најдобар ред.

Лаура Стојанова М-Нет