Грозјето и лубеницата како ,,алва“ на пазарот во Штип, цените идентични како претходниот петок

Грозјето и лубеницата, како алва на пазарот во Штип, граѓаните и овој петок пазаруваа свежи производи. И овој петок како и останатите цените идентични, за некому скапо, за други нормално, а за мал дел ефтино. Анкетираните додаваат, колку и да чинат производите, мора да се купи и да се приготвува здрава и квалитетна храна, а дека квалитет има, сведочеа тие овој петок дирекно од штипскиот пазар.

Дека побарувачка има, согласни производителите. Велат особено овој петок штипјани купуваат домати од зеленчук и лубеници од овошје.

Инаку, овој петок се продаваше и грозјето, свежите класје, како и свежите чаеви кои се нудеа речиси на секоја тезга. Штипјани и овој петок ги наполнија торбите за да ја поминат здраво претстојната седмица.

Иван Митев, М-Нет