
Штипјани годинава дрвата за огрев ќе ги заменат со клима уреди и панели. Дел од анкетираните граѓани сметаат дека греењето на дрва е поскапо, но и потешко за одржување, оти за дрвата е потребно сечење, цепење и редење, постарите граѓани велат дека тоа им е мачно. Се повеќе предност се дава на клима уредите како поисплатливи, но и полесни за користење. Анкетираните граѓани децидни дека и оваа година, зимата ќе ја поминат греејќи се на клима. Има ли се уште некој што порачува дрва за огрев?
Друг дел од граѓаните сметаат дека греењето на палети е еколошки добро и здраво за животната средина, зафаќа помалку простор и не се чувствува мирис на чад.
Останува да се види дали дрвата полека заминуваат во историјата, а климите, парната и палетите ќе бидат изборот за греење на граѓаните.
Иван Митев, М-Нет