
Околу 200 учесници со блокада на патот Штип – Велес, кај Сарамзалино, кажаа НЕ за францускиот предлог. Според Владо Мисајловски од ВМРО – ДПМНЕ, денешниот револт не е од партија и поделености, туку со сплотеност на партии и граѓани кои јасно го искажуваат своето незадоволство и противење на предлогот.
„Со овој предлог сакаат да се направи една асимилацијата, едно непочитување кон македонскиот народ. Ние сме тука сите заедно да кажеме НЕ, НЕ и НЕ. Ова што сакаат да го направат е директно мешање на внатрешните интереси на Македонија, на она што ни е идентитет. Треба да се менуваат учебници, сакаат да ни ја сменат историјата, Уставот, а ние не сакаме такво нешто. Сакаме слободна Македонија и не смее ниту еден документ да нѐ ништи“, вели Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до сите оние коишто доаѓаат на протестите и што мирно и спокојно го изразуваат своето незадоволство, што е демократко право. Присутните, пак, со став дека овде се за да ја пренесат пораката дека францускиот предлог го ништи македонскиот јазик и идентитет.
Во периодот од 13 до 14 часот блокади имаше на повеќе локации низ државата. Блокирани беа и сообраќајниците пред Собрание и Влада и патиштата Плетвар – Прилеп и Струмица – Радовиш.
Ребека Спасова М-Нет