Граѓаните реагираат, надлежните ветуваат – од утре ќе се коси трeвата во градските гробишта во Штип

Се чисти од Задушница на Задушница, вака граѓаните во Штип зборуваат за градските гробишта. Трева до колена, опасност од змии и други разни животинки и мака која ги натерала сами да си го исчистат просторот за да може да ги посетат вечните почивалишта на нивните блиски. Ситуацијата во Штип е и поалармантна за разлика од Кочани. Граѓаните регаираат дека тревата треба да биде искосена.

„Гробиштата се чистат само кога е Задушница, кога масовно доаѓаат луѓе. Инаку преку целата година ништо не се средува, ситуацијата е катастрофална.“

„Не е баш како што треба. Јас сам си чистев кај нашите, а за друго место не знам. Треба да се чисти.“

„Треба да се чисти. Јас секој недела доаѓам овде. Ама тие, пак, велат дека немаат косачи, им недостасувале луѓе. Се ближи Задушница, па ќе видиме дали ќе искосат.“

За реакциите кои пристигнаа од страна на граѓаните и неискосената трева во градските гробишта во Штип го прашавме директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков, зошто не е искосена и кога истата ќе почне да се коси. Здравков вели, според планот од утре ќе се почне со работа.

„Изминатите десет дена работниците од Паркови и зеленила работат буквално од понеделник до недела. Имаме распоред за косење на тревата, за два – три дена ќе биде доведено се по контрола. Конкретно, градските гробишта ќе се косат од среда и за два – три дена ќе бидат искосени целите гробишта со што граѓаните ќе немаат никаква замерка. Денеска косевме во населба Осми ноември, ул. „Косовска“, булеварите“, истакна Здравков.

Здравков во оваа прилика истакна дека ќе се продолжи со работа и на останати места во Штип, а ќе се коси тревата и покрај пешачката патека.

Лаура Стојанова М-Нет