Граѓаните бараат повисоки плати поради континуираниот раст на трошоци за живот, плата под 40 000 не признаваат

Граѓаните бараат повисоки плати заради континуираниот раст на трошоците за живот. Велат цените во маркетите се оган скапи, а платите речиси капка во море. Бараат справедливост, бидејќи ваквата ситуација е загиржувачка. Едногласни дека кога буџетот им се стеснува ги фаќа паника, која пружи стрес и дополнителна нервоза.

Платите требат да бидат најмалку 40 000 денари, велат граѓаните, бидејќи поинаку сиромаштијата е на прагот.

Висината на минималната плата во бруто износ секоја година се усогласува со 50% од порастот на просечната исплатена нето плата за претходната година и 50% од порастот на индексот на трошоците за живот, според податоците од ДЗС. Согласно овие параметри, проценка е дека во март 2025 година, минималната плата би изнесувала околу 24 400 денари.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет