Граѓаните бараат нова акција за пошумување со цел обновување на природата

Од есен да се садат нови садници, со цел да се обнови природата, бара мнозинство граѓани, откако пожарите направија пустош во државата. Иако пожарите ги избришаа зелените појаси, сепак не згасна желбата на граѓаните.
Анкетата што ја спроведовме по катастрофалните пожари јасно покажува – народот бара акција.

Иако пожарот е најголем наштетник на природата, сепак анкетираните се децидни дека наштетници се и луѓето. Најчесто сечат бесправно дрва со цел да заработат пари

Во согласно со ситуацијата, граѓаните и понатаму остануваат едногласни, ако оваа есен има ново пошумување, ќе се зачува природата, а со тоа ќе има надеж и за идните генерации, да имаат чиста и здрава средина.

Иван Митев, М-Нет