Градскиот хор Штип ја збогати програмата на „Штипско културно лето 2026“


Градскиот хор Штип го одржа својот концерт „Јулско натпејување“ во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето 2026“. Концертот започна во 19:30 часот во фоајето на НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Настанот привлече голем број посетители и публиката со големо внимание ги проследи сите музички точки. Хорот изведе староградски македонски песни и композиции од различни музички жанрови. Според реакциите и коментарите на присутните, концертот беше оценет како многу успешен. Публиката ги награди изведувачите со долг и силен аплауз.

Дајана Сандева, М-Нет