
Низа инфраструктурни проекти, реконструирани улици и тротоари, културни настани, инвестиции во образованието, спортот. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов со отчет пред граѓаните го презентираше сработеното во изминатата прва година од неговиот мандат. Од општината посочија дека се работи дека интезивно се работи на реконструкција на стари и дотраени водоводни мрежи како во градот така и во околните села и населени места. Еден од позначајните проекти на кои ќе им се придаде поголем значење е изградбата на бараки, односно места каде ќе бидат згрижени ранливи категории на граѓани и од старата касарна.
„Општината со зголемен интезитет работи во израбтока на урбанистички планови. Се изработуваат градски четврт број 6, 13, 17, урбанистички план вон населено место, урбанистички план за фотоволтаици“ -кажа Рашков.
Од општината истакнаа дека ќе продолжат да работат и да придонесуваат за доброто на градот и граѓаните. Во Буџетот за 2022 година биле предвидени 265 милиони денари, а до денес се ра реализирани околу 190 милиони денари. Во наредниот месец ќе се дадат напори за да се постигне планираната општинска реализација на Буџетот со што ќе се создадат можности за проекти и во наредната 2023 година. Акцент ќе се стави и на паметно управување со уличното осветлување, опремување на Мултикултурниот центар како и дигитализација на општински услуги.
Лаура Стојанова М-Нет