
Петта година по ред одржани денови на симулирано судење при Универзитетот Гоце Делчев Штип. Учествуваа студенти од повеќе универзитети и истите имаа можност на практичен начин да се запознаат со кривичните постапки. Праксата од претходните години покажува дека ваквите симулирани судења даваат резултат бидејќи студентите на вистински начин ги презентираат случаите.
“Симулација на предмет во кривична постапка. Оваа година учествуваат працните факултети на државниот универзитет Тетово, универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот Климент Охридски Битола и ние како домаќини. Предметите оваа година одлучивме да бидат со предмети од криминал од омраза, симуалција на кривично дело насилство, оштетување на туѓи предмети, присилба“ – кажа Кошевалиска.
Ваквите настани универзитетот ги поддржува и развива со тоа им се дава можност на студентите да научат многу повеќе и на практичен начин. Не само денови на симулирано судење, туку и со други настани се придонесува за студентите да знаат што и зошто студираат.
„Универзитетот продолжува да ги развива ваквите настани во кои студентите имаат можност од речиси сите универзитети од државата да бидат заедно, да се дружат, но и да научат и да научат од истакнати стручнаци преку реални случаи, искуства, да добијат увид што е тоа што го студираат“ – кажа Мираковски.

Ваквите симулирани судења преставуваат алатка за студентите практично да бидат подготвени во иднина да работат и функционираат како судии, адвокати, јавни обвинители и слично.
“Симулираните судења се еден од најдобрите практични начини за едукација, но и стекнување на практични услови на студентите. И овој модел кој по петти пат се оддржува овде е навистина една одлична алатка, затоа што најдобрите студенти се оние кои ги поминале овие обуки и едукации“ – додаде Нанев.
Настанот се спорведува со поддршка на Амбасадата на САД во државата и мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет