Гостивар со триумф над “лавовите” ја затвори есенската полусезона во ПМФЛ

Денес беше отворено последното есенско коло од Првата лига со мечот меѓу Гостивар и Македонија ЃП, а кој заврши со минимален триумф од 1:0 за домашниот тим.

Гостивар до победата стигна во финишот со голот на Кехинде за нови три бода.

Овие две екипи ги завршија настапите за есенскиот дел, а 18. коло ќе се комплетира утре.

Воска Спорт игра со Работнички, Струга со Брегалница, Вардар против Тиквеш, Шкендија со Силекс и Брера против Шкупи.

АВТОР: Александар Ванев