Гостивар: Сите наши играчи играат со лиценца! ФФМ во петок ќе одлучува за спорната регистрација на играчот

Гостивар кој е лидер во Втората македонска фудбалска лига може да добие казна, бидејќи во своите редови на натпреварот против Локомотива Пехчево имал играч кој нема право на настап.

Станува збор за 19-годишниот Гордијан Христовски, кој во јануари го засили Гостивар, а пристигна од редовите на прволигашот Скопје.

Според ФИФА правилата еден играч може да игра најмногу за три клуба во една сезона, а спорниот момент кај Христовски е тоа што Гостивар е негов четврти клуб, откако претходно играше за Скопје, Силекс и Тетекс во истата сезона. Се отвара прашањето како ФФМ дозволила регистрација на играчот во Гостивар, ако се знаело дека претходно имал регистрации во три клуба.

Фудбалската федерација на Македонија во петок ќе носи одлука дали и каква казна би можел да добие лидерот Гостивар.

  • Во прилог може да ги погледнете регистрациите и датумите за клубовите на Гордијан Христовски од комет системот на ФФМ:
  • Правило за регистрација на играчи: