Гостивар носи големо име на тренерската клупа! Поранешен тренер на Бохум во ПМФЛ

Гостивар во пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига ќе има нов тренер, откако доцна синоќа пласираше „бомба“ во македонската јавноста, претставувајќи го Турчинот Исмаил Аталан како нов тренер.

43-годишниот турски стратег во 2017 година беше на чело на германскиот тим Бохум, до 2023 година работеше како помошник тренер во Аланијаспор во турската Суперлига. Во својата кариера има предводено неколку германски екипи.

Гостивар дефинитивно има високи цели во македонскиот фудбал, сериозни инвестиции во клубот се потврда дека Гостивар од сезона во сезона се повеќе и повеќе ќе го подига нивото во своите редови.

Есенскиот дел Гостивар го заврши на петтото место со 24 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против Вардар.

Александар Ванев, М-Нет