Еве со кои ракометари Македонија ќе игра на ЕП во Германија

фото: РФМ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го одреди финалниот список за Европското првенство во Германија. Македонија на ЕП ќе игра во група со домаќинот Германија, секогаш силната Франција и Швајцарија, репрезентација против која можеме да се надигруваме за бодови во групата.

Ова се повиканите ракометари за Европското првенство:

Никола Митревски кој ќе биде капитен, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.

„Црвено-жолтите“ ЕП го отвараат против Франција на 10. јануари, потоа следува натпреварот со Германија на 14. јануари, а пак два дена подоцан односно на 16. јануари ќе играме против Швајцарија.

Александар Ванев, М-Нет