Гостивар ги враќа познатите имиња – Јусуфи, Дико и Исмаили повторно во сино-белиот дрес

ФК Гостивар продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а клубот официјално објави дека постигнал договор со тројца квалитетни фудбалери кои повторно ќе го носат дресот на тимот.

Станува збор за Ибрахим Јусуфи, Ерсел Дико и Џемаил Исмаили, играчи кои добро ја познаваат средината и веќе оставиле свој белег во гостиварскиот клуб. Нивното враќање се оценува како важен чекор во засилувањето на ростерот и подигнувањето на конкуренцијата во тимот.

Од клубот истакнуваат дека ангажманот на овие фудбалери е дел од проектот за пролетниот дел од сезоната и од амбициите за борба во горниот дел од табелата. Искусството и квалитетот на тројцата повратници треба да претставуваат дополнителна сила во остварувањето на поставените цели.

Во Гостивар веруваат дека со заедништво, поддршка од навивачите и стабилен тим, клубот ќе продолжи да чекори напред