
Екипата на Детонит Плачковица продолжи да го засилува тимот за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Ново име во Радовиш е Гордијан Христовски кој доаѓа од редовите на Гостивар.
20-годишникот настапува на левата бековска позиција, а може да покрие и во одбраната.
Во својата кариера има настапувано за Гостивар, Скопје, Силекс, Тетекс, Кадино, Работнички и Металург.