
Утре на Охридското езеро започнува традиционалниот Охридски маратон на кој учество ќе земат и Методи Горгијев и Ивона Наумова од спортскиот клуб Челични од Штип. Подготовките се во тек и се движат со одлично темпо со што се очекуваат високи резултати.
„На 2 август на Илинден ќе се одржи 44 издание на Охридскиот маратон на кој ќе настапат пливачите на спортскиот клуб Челични од Штип. На 2,5 километри ќе се плива на овој маратон и ќе настапат Методи Горгијев и Ивона Наумова. Се надеваме на одлични резултати“ вели Јакимовски
Ова е трет маратон оваа сезона за Горгиејв и Наумова а до крајот на годината остануваат уште два, едниот на крајот на месец август во Охрид и последниот на Велешко езеро.
Лаура Стојанова М-Нет