Горгиев во Трибина на М Нет: Бодибилдингот е скапо спорт, мојот пат до успехот беше доста тежок!

Во второто издание од спортскиот магазин „Трибина“ на телевизија М Нет гостуваше светскиот бодибилдер Стефан Горгиев од Штип.

Со Горгиев разговаравме за неговата кариера и патот до шампионскиот пат. Вели дека овој спорт е скап и треба многу финансии.

Горгиев вели дека патот до неговиот успех бил многу тежок, кога се преселил во Германија започнал со учење на јазикот, а паралелно бил посветен и на спортот.

22-годишниот штипјанец упати и порака до младите да бидат посветени на спортот.

Горгиев останува посветен на овој спорт, а во иднина неговата цел ќе биде да земе учество и на „Мистер Олимпија“.

Александар Ванев, М-Нет