
За десетина дена треба да започнат подготовките на тимот на Каменица Саса за тешките искушувања кои ги очекуваат во пролетниот дел. Шефот на стручниот штаб, Горан Здравков за досегашниот учинот на тимот и за неговите амбиции за на пролет ни изјави: –
„ Екипата на Каменица Саса го освои 5 место на табелата со 20 освоени бодови колку што има и тимот на Слога од Виница но таа има послаба гол разлика. Во есенскиот дел остваривме 5 победи , 5 средби одигравме нерешено и загубивме непланирано 6 средби. Ако се има во предвид дека одигравме само 2 контролни средби во подготвителниот период со релативно нова екипа, тогаш е сосема јасно дека во почетниот период од првенството имавме лоши резултати. Со максимално залагање на сите поединци, со постепеното воигрување на екипата полека, но сигурно почнавме да играме како што знаеме и умееме за да на крај дојдеме до 5 место. Подготовките за новата сезона треба да ги започнеме за десетина дена, точниот датум сеуште не е утврден и на првата прозивка очекувам 22 играчи. Секако за пролетниот дел ќе рачунам и на неколку млади играчи кои ќе се прекомандуваат во првиот тим и тоа ќе ни биде желба, форсирање на младите кадри. За пролетниот дел ќе се обидеме да добиеме и некое засилување со оглед на податокот дека ќе бидеме хендикепирани поради повредите на стандардните првотивци Ален Миленковски и Никола Божинов . Амбициите во пролетната етапа ќе ни бидат да го задржиме досегашниот пласман што не значи дека со евентуална можност можеби и ќе се вклучиме во борба за самиот врв“ . – ни изјави Горан Здравков.
Според последните информации најверојатно подготовките на тимот на Каменица Саса треба да започнат по 13 јануари и ќе се одвиваат во самиот рударски град.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk