Големо засилување за Детонит Плачковица: Искусниот Вилдан Керим пристигна во Радовиш

Пред стартот на новата сезона од Втората македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица ангажираше уште едно големо засилување во името на искусниот офанзивец Вилдан Керим.

29-годишниот фудбалер во Радовиш доаѓа од редовите на Воска Спорт, а во својата кариера Керим има настапувано и за Госитвар, Вардар, Дреница во Косово, Скопје, Генч Калемлер, Еуромилк, Борец, а имаше настапи и во Турција.

Детонит Плачковица ангажираше проверени и квалитетни засилувања и се наметнува како еден од кандидатите за местата во Првата македонска фудбалска лига.

Новата сезона радовишани ја отвараат на домашен терен против повратникот Вардар од Неготино.