
Пред стартот на новата сезона од Втората македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица ангажираше уште едно големо засилување во името на искусниот офанзивец Вилдан Керим.
29-годишниот фудбалер во Радовиш доаѓа од редовите на Воска Спорт, а во својата кариера Керим има настапувано и за Госитвар, Вардар, Дреница во Косово, Скопје, Генч Калемлер, Еуромилк, Борец, а имаше настапи и во Турција.
Детонит Плачковица ангажираше проверени и квалитетни засилувања и се наметнува како еден од кандидатите за местата во Првата македонска фудбалска лига.
Новата сезона радовишани ја отвараат на домашен терен против повратникот Вардар од Неготино.