
Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш за пролетната полусезона се засили со искусниот офанзивец Кристијан Стојкоски, кој во Тиквеш доаѓа од екипата на Македонија ЃП.
Станува збор за играч кој има големо прволигашко искуство во македонскиот фудбал, а во својата кариера Стојкоски има настапувано и за Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс.
Како што дознава телевизија М Нет во текот на утрешниот ден Тиквеш ќе промовира уште едно странско засилување. Станува збор за младински репрезентативец на Летонија.
Александар Ванев, М-Нет