
Главниот центар на истокот во Македонија градот на студентите место каде има возила на сите страни, и покрај онлајн учењето на студентите и не доаѓаат секој ден овде сепак кај возачите неретко се создава нервоза додека се движат со возилата до својата дестинација. За да се намали овој проблем локалните власти веќе работат и ја создаваат втората паркинг платформа на која ќе има 40 паркинг места.
Овој град постојано бара нови паркинг места нови улици развој на нашата инфраструктура во градот. Поврзување на комуникацијата помеѓу здраствениот дом Панче Караѓозов институциите на другата страна на реката Отиња како театарот, спортскиот центар, судот. Платформата ќе има два тротоари за пешаците.
40 те нови паркинг места се лоцирани во строгиот центар на градот градба која ќе овозможи и слободен проток на пешаците и им се скратува пристигнувањето до установите кои се наоѓаат во непосредна близина.
За мене е многу важно дека градот како универзитетски центар се развива, се повеќе има нови возила, наплив на студенти домашниот бизнис сектор во градот кој постојано ја движи економијата а секако мораме да ја следиме динамиката на развој.
За успешна реализација на овој градежен проект вклучени неколку институции од каде доаѓаат парите.
Она што е значајно станува збор за инвестиција од околу 18 милиони денари од кои што половина се обезбедени преку министерството за локална самоуправа, центарот за развој на источниот плански регион како и од буџетот на општина Штип.
Граѓаните имаат можност да наплатат за својот паркинг простор на неколку начини со плаќање на лице место со смс или пак купување на месечна карта за оние кои ја користат услугата секојдневно.