
Вечерва во Штип се одигра дербито на 6. коло од Втората кошаркарска лига, откако Соколи во спортската сала „Јордан Мијалков“ со 72:68 славеа над Ангели.
Овој меч беше од капитална важност за штипските кошаркари на патот кон пласманот за Прва лига, а во Штип вечерва се слави големата победа на Соколи.
Штипскиот второлигаш останува на врвот од табелата со 11 бодови, колку што има Борец Баскет кој е втор и Црн Дрим кој е трет на табелта.
Повеќе детали за натпреварот во текот на утрешниот дел во вестите на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет