Голем пораз на Македонија од Данска, во Копенхаген заврши мундијалскиот сон

Репрезентацијата на Македонија доживеа убедлив пораз од Данска со 4-0 на гостувањето во Копенхаген и го заврши настапот во баражот за Светското првенство.

По израмнето прво полувреме без голови, домаќинот го скрши отпорот во вториот дел. Микел Дамсгард го отвори резултатот во 49. минута, по што следеше брз колапс на македонската одбрана.

Густав Исаксен беше двоен стрелец во 58. и 59. минута, носејќи недостижни 3-0 за Данците. Конечниот резултат го постави Кристијан Норгард, кој реализираше во 75. минута.

Македонија немаше одговор на силниот налет на Данска во второто полувреме, па мундијалскиот сон заврши со тежок пораз на „Паркен“.

Александар Ванев, М-Нет