Годинава Изборот на спортист на град Штип ќе се изврши под посебен здравствен протокол

Изминатата 2020 година карактеристична по здравствената пандемија ги парализираше спортистите кај нас во Македонија и секако ширум светот да ги искажат сите свои врвни квалитети за кои макотрпно тренираа и се подготвуваа. Беа одложени или откажани многубројни спортски манифестации на кои спортистите се надеваа на успех, но ете се погоди лошата пандемија и ги спречи многумина во тоа. Сепак и на оние минимални натпреварувања спортски Штип го избра својот спортски јунак во името на европскиот карате шампион Емил Павлов. Традиционалната спортска манифестација, според информациите од кабинетот на Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов и претседателот на Комисијата за спорт, Елмир Мандак ќе се одржи утре,четврток во големата сала на советот под посебни здравствени заштитни мерки и строго одреден протокол. Имано на ова манифестација ќе присуствуваат само добитниците на спортските награди, официјалните лица како и медиумите со почеток на истата во 18.00 часот. Колку за потсетување ќе се прогласат најдобрите спортисти на Штип за 2020 година во Пионерска, Кадетска, Јуниорска и Сениорска конкуренција.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk