
Со развојот на новата технологија и времето во кое живееме денес сѐ почесто застапен е говорот на омраза на социјалните мрежи. Ова доведува до непотребна паника кај населението, вели професор Страшко Стојановски, како што во изминатиов период е паниката од покачените цени на основните продукти за живот, поскапувањето на горивата, дури и за воените дејствија во Украина. За пример тој го посочува ставот на рускиот министер за надворешни работи кој е пренесен, а истиот создава паника кај граѓаните во државата.
„Говорот на омраза во радикални услови може да предизвика криминал од омраза, тоа е веќе кривично дело или насилство или дестабилизација. Меѓутоа, во конкретниов случај добар дел од говорот на омраза во најмала рака можам да видам елементи на специјална војна од Русија кон Македонија или кон останатите земји членки во НАТО, се користи некаков русофилски елемент кој можеби дел од населението го поседува и за тоа има традиција од 150 години.“ – вели Стојановски.
Според Стојановски специјалната војна преку одредени експозитури кои Русија ги има во држжавата можат да направат паника, но треба да биде внимателна државата и нејзините институции.
“Треба да биде внимателна државата и институциите, особено да не се направи паника во банкарскиот систем или некои други свери на влијание. Македонија е релативно стабилна во случајов, очигледно дека цените одат нагоре на сѐ и тука Владата треба да размисли какви мерки ќе превземе“ – додава Стојановски.
Говорот на омраза не бил застапен пред 20 години во државата, како што е денес. Потребна е голема внимателност од страна на државата и зголемување на доовербата кај граѓаните, за да не се создава непотребна паника од на пример статус на портал на кој не е посочен вистинскиот извор, додава Стојановски.
Лаура Стојанова М-Нет