Луксуз, среќа или потреба – што претставува паркинг услугата во Кочани?

Луксуз, среќа или потреба што преставува паркинг услугата во Општина Кочани. Граѓаните велат сегашните достапни паркинг места се премалку, за да најдеш слободно место потребно е да го возиш по градот и по половина час. Екипата на М-Нет телевизија направи обиколка, речиси сите обележани паркинг места беа зафатени, дополнително граѓаните се паркираат и на тротоари и на коловози, или поедноставно кажано кој каде нашол слободно место таму го оставил своето возило.

„Според уредбата на градот треба секаде да постои паркинг плац и секоја нова зграда која се гради треба да има паркинг плац. Кај нас се трупа едно врз друго, некои луѓе со профитираат се полнат со пари на сметка на сиромашните, а во целина во градот ништо не е направено како што треба“

„Во Општина Кочани е потребно повеќе паркинг плацови, не е доволно сега за сега, нема каде да се паркираш, треба да вртеш пола час по градот за да најдеш празно паркинг место“

Во Општина Кочани на располагање на граѓаните им се 231 обележано паркин место на кое се наплаќа за паркинг усулгата. Директорот на КЈП „Вододвод“ Иван Иванов, истакна дека во моментот се работи на зголемување на паркинг местата во Кочани со цел да се реши овој проблем, а во план се да направат и зонска наплата на паркинг услугата, бидејќи како што додаде тој секој сака да биде паркиран во центарот на градот.

Изградбата на катна гаража пак беше едно и од предизборните ветувања на сегашниот градоначалник Љупчо Папазов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија од кабинетот на градоначалникот потврдија дека овој проек со реализиација е предвиден да започне наредната година.

Лаура Стојанова М-Нет