Гладијатор Фајт од Штип со шест злати, три сребрени и два бронзени медали на Државното кикбокс првенство

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип овој викенд на Државното првенство направи вистинска „жетва“ на медали, откако клубот успеа да освои шест златни медали, три сребрени и два бронзени медали.

Ваквите резултати се должат на одлични подготовки изминатиот период под водство на тренерот Шенол Асанов, и помошникот тренер Викторија Варадинова.

Интензивните подготовки овозможија доминација на „гладијаторите“ на Државното првенство во Скопје, од каде се враќаат со 11 медали, а штипскиот клуб настапи со 12 натпреварувачи.

Антонија Тасева освои две злата, едно во категорија -60 килограми, а второ во -65 килограми кадет.

Јован Јанковски носи златен медал како кадет во минус 52, Леонтина Миткова во -65 килограми јуниор златен медал, Баже Јанев во минус 32 килограми кадет златен медал, исто така во иста конкуренција златен медал освои и Михаил Јанев.

Андреја Милошевска освои сребрен медал како јуниор минус 65 килограми, а пак во конкуренција на кадети Петра Долдурова имаше сребрен медал во минус 65 килограми, како и Јован Јанковски во минус 57 килограми.

Кадетите Максим Иванов и Димитар Иванов освоија бронзи, едниот во минус 32 килограми, а другиот во минус 47.

Овие резултати се поттик и мотив повеќе во иднина за уште подобри резултати на натпреварувачите на „Гладијатор фајт“.

Александар Ванев, М-Нет