Ракометарите на Текстилец со тесна победа во Штип над Партизан, Овче Поле со победа се враќа во Свети Николе

Ракометарите на Текстилец УГД забележаа тесен триумф со еден гол разлика над Партизан од Гевгелија, откако со 34:33 триумфираа на домашен терен во Штип.

Натпреварот од самиот почеток беше неизвесен со игра гол за гол и често менување на резултатот, а на крај за среќа на штипјани бодовите останаа дома.

Филип Џинес беше најдобар стрелец за Текстилец УГД со девет гола, за гостинот исто така со девет гола се истакна Стојан Наумовски.

Лидерот Младост од Богданци без проблеми го совлада тимот на Македонија ЃП пред верната публика со резултат од 37:28, а пак Мулти Есенс со убедливи 32:44 го декласираше Аеродром.

Кичево немаше сили откако како домаќин во Охрид загуби од Овче Поле со 23:29, а пак во дербито од долниот дел на табелата Преспа го доби Шампион во гости со 27:31.

Драмата во Гостивар ја дома тимот на Вардар Неготино кој со 39:40 го доби тимот на Јехона.

На самата табела водечки се Младост од Богданци кој има 30 бодови, Мулти Есенс е втор со 30 бодови, но со натпревар повеќе. Текстилец е на делба на шестото место со Аеродром и Јехона со по 16 бодови, на дното е Кичево со минус еден бод.

Александар Ванев, М-Нет