Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината, соопштија од општината.
Според наведеното во соопштението, веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле упатени на терен и започнале со интервенции на најкритичните локации.
Во текот на ноќта, додаваат од општината, беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а екипите интервенираа и во Буњаковец, како и на други места каде што беа пријавени паднати дрвја, оштетувања и опасности за безбедноста на граѓаните.
„Работевме до доцна во ноќта и уште од раните утрински часови повторно сме на терен. Приоритет ни е да ги отстраниме сите опасности и што побрзо да ја нормализираме состојбата. Благодарам на сите служби за нивната пожртвуваност и на граѓаните за разбирањето, трпението и навремените пријави“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар и понатаму ги повикува граѓаните да пријавуваат кризни локации, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата или каква било ситуација што може да ја загрози безбедноста на следните телефонски броеви: 075 219 068; 076 350 767
Секоја навремена пријава овозможува побрза реакција на терен“.
Општина Центар со апел до граѓаните, онаму каде што имаат можност, да помогнат во расчистување на своите дворови и просторот пред своите домови, со цел побрзо нормализирање на состојбата.
Екипите на Општина Центар, нагласуваат од таму, и денес продолжуваат со интензивни активности на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на последиците од невремето.
Текстот Герасимовски: Работевме до доцна во ноќта, продолжуваме и утрово, сите екипи остануваат на терен е превземен од МАКФАКС.