Газмент Исеини е нов селектор на футсал репрезентацијата, Васко Скендеровски си поднесе оставка

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја прифати оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал. Газмент Исеини е назначен за нов селектор на футсал А македонската репрезентација. Исеини е тренер на актуелниот првак и Куп освојувач, Форца 2015, тим кој учествуваше во главната квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Во изминатите години, беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.