Скендеровски поднесе оставка, Исеини нов селектор на футсал репрезентацијата на Македонија

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше прифатена оставката на досегашниот селектор на футсал репрезентацијата Васко Скендеровски, а на негово место доаѓа тренерот на актуелниот шампион Форца, Газмент Исеини.

Од ФФМ му се заблагодарија на досегашниот селектор Скендеровски за неговиот придонес и посветеноста во развојот на македонскиот футсал.

Исеини две сезони ја освојува двојната круна со Форца, освојувајќи го домашниот шампион и Купот на Македонија, а настапуваше и во главната квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Во изминатите години, Исеини беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.

Александар Ванев, М-Нет