
Второлигашот Кожуф од Гевгелија за новата сезона претстави седум засилувања со кои ќе атакува на горниот дел од табелата.
Дарко Гроздановски, Кристијан Ѓорѓиевски, Александар Ѓорѓиески, Никола Сарески, Филип Ѓорѓиевски, Јорго Папули и Петар Гугуљанов.
25-годишниот Гроздановски го засилува нападот на тимот предводен од Филип Деспотовски. Се работи за играч кој има српско/македонско државјанство, а во својата игра има настапувано за Силекс, Тиквеш, ПОбеда, Вардар, Олимпиас Лимпион од Кипар, Беласица и екипат на ОФК Грбаљ од Црна Гора.
21-годишниот Ѓорѓиевски ќе застане помеѓу стативите на второлигашот Кожуф како повратник, откако и во минатото го носеше дресот на тимот од Гевгелија, а има настапувано и за штипска Брегалница, Њу Старс и Куманово Милано, а имаше настап и за нисколигаш во Германија.
24-годишниот Александар Ѓорѓиески од Охрид во Кожуф доаѓа од редовите на радовишки Детонит Плачковица, а ќе го засили средниот ред. Во својата кариера охриѓанецот има настапувано и за екипите на Вардар, Охрид, Воска Спорт и Македонија ЃП.
Сарески во Кожуф ќе ја асили крилната позиција, а 19-годишникот во Кожуф доаѓа од прилепска Победа, а претходно настапуваше и за Тетекс од Тетово.
21-годишинот Филип Ѓорѓиевски е уште едно засилување во средниот ред, а има настапувано и за Вардар и Скопје. 22-годишниот Папули ја засилува одбраната на Кожуф, а има настапувано за Вардар и Брера.
Гугуљанов е 22-годишен фудбалер кој во Кожуф ќе го засили средниот ред, а доаѓа од редовите на струмичка Беласица, како и младинските категории на скопски Вардар.
Во новата сезона Кожуф ќе го напаѓа горниот дел од табелата и сака да биде изненадување за местата кои водат кон Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет