Второлигашот Беса од Добри Дол утре ги „пали моторите“, на подготовки во Аланија, Туција

Второлигашот Беса од Добри Дол утре ги почнува подготовките за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.

Александар Таневски утре ќе го има првиот собир со фудбалерите и ќе биде одработен првиот тренинг. Првата фаза од подготовките Беса ќе ја одработи на домашниот терен, додека пак главниот дел од подготовките ќе биде одработен во Аланија, Турција.

Како што дознава телевизија М Нет екипата на Беса на турско тло ќе одигра неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната.

Беса досега се засили со голманот Дејан Силјановски, Христијан Иваноски од Локомотива и Агон Елмази од Тетекс, а како што дознава телевизија М Нет, во следните денови Беса ќе промовира уште неколку квалитетни засилувања.

Како што ексклузивно објави претходно М Нет, на позајмица од Шкендија пристигна и Октај Ракипи.

Беса презими на седмото место на табелата со 21 освоен бод, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против Каменица Саса на 18. февруари.