Второлигашите Беласица, Кожуф и Новаци ги закажаа пријателските натпревари за проверка на формата

Најголем дел од второлигаши ги започнаа подготовките, а речиси сите и ги договорија пријателските натпревари за проверка на формата, а некои од нив веќе одиграа и пријателски натпревари.

Беласица договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за новата сезона. Беласица ќе имаат два меѓународни теста и три домашни контролки. Првиот тест ќе биде против Септември Симитли кој е закажан за 18 јули, а потоа на 24 јули следува уште еден тест во Бугарија против Беласица Петрич. Следните три теста ќе биде против македонски екипи.

На 29 јули ќе биде контролниот меч против Кожуф во Гевгелија, а потоа ќе има два теста во Струмица против Детонит Плачковица на 1 август и против Работнички на 8 август.

Кожуф, пак закажа четири контролки, а ќе се тестира против Новаци на 25 јули, против Беласица на 28 јули, за 1 август е закажан контролен меч против Брера Струмица, а генералката ќе биде против Детонит Плачковица на 8 август.

Новаци кој го предводи штипскиот стратег Иван Варадиновски ќе ја проверува формата преку четири контролни натпревари. Првиот ќе биде на 18 јули против Охрид, вториот ќе биде против Кожуф, на 31 јули е закажан контролен меч против младинскиот состав на Пелистер, а на 8 август е генералката против Пелистер.

Новиот второлигаш Еуромилк ГЛ веќе одигра еден контролен меч против новиот прволигаш Шкендија Арачиново, а кој натпревар заврши без победник со по еден гол за конечни 1:1. Хусеин Демири беше стрелец за „лисиците“ од Горно Лисиче откако погоди за водство од 1:0, а во вториот дел Еуромилк ГЛ се одлучи да им даде шанса за помладите, со што Шкендија Арачиново постигна гол за конечни 1:1.

Денес со подготовки започнува и второлигашот Осогово од Кочани, па останува уште Детонит Плачковица од Радовиш да ги започне подготовки.

Александар Ванев, М-Нет