
Со метанија, погача, свреќа и силна молитва, верниот народ празнува втор ден Божик во Штип. Од рано утрово граѓаните масовно ја посетија градската црква Св. Никола и се помолија на Бога. Посакаа само здравје, мир и напредок за сите и исцеление и спасение за сите болни и страдални. Велат човека е најбогат кога го слави Христос, а преку него има неизмерна љубов и среќа и за ближните и за јабанџиите.
Граѓаните достојно секоја година го славата Бога. Со посна трпеза уште од Бадник го прославија рождеството христово. Велат не е важно кај кого ќе се падне паричката, туку со кого ќе се дели лепчето.
Инаку, Божик се слави три дена, а граѓаните сие овеи денови се поздравуваат со изреката Христос се роди, навистина се роди. Од вчера завршија и божикните пости, кои почнаа од крајот на ноември и траеја до 6 јануари. Како што велат од македонската православна црква, важно е секој ден да помине во молтива и љубов кон ближниот и само така Христос ќе биде помегу нас.
Иван Митев, М-Нет