
Обилните врнежи од дожд предизивикаа проблеми и во водоснабдувањето. Внежите од дожд во Пробиштип, носат заматенa вода од ХС Злетовица до фабриката за преработка на водата во Штип, со што се јавува проблем во водоснабдувањето во повеќе делови во градот. Од ЈП Исар во писмено соопштение велат дека се преземаат сите мерки и активности за да се заштити опремата во фабриката и да се нормализира вододснабдувањето.
„Во моментов се соочуваме со проблеми предизвикани од обилните врнежи на дожд и екстремно заматената вода која транзитира кон фабриката за преработка на вода.
Заматената вода може да направи непотребни таложења на песочен нанос и земја во филтерските испони и нивно запушување.
Поради тоа се очекува нарушено водоснабдување на поголем дел од подрачјето на општината.
Ве информираме дека овој проблем е настанат од непредвидени атмосверски влијанија а ЈП ИСАР ги превзема сите мерки и активности да ја заштити опремата во фабриката за преработка на вода и нарушувањето на водоснабдувањето да го сведе на минимум.“ – велат од ЈП Исар.
Проблеми со водоснабдувањето се јавуваат кај сите пет општини кои со вода за пиење се снабдуваат од ХС Злетовица.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет