
Врачени вредносни ваучери на сите претставници на институциите, кој што ќе бидат дежурни оваа вечер. Ваквите враучери, традиционално секоја година се даваат на институциите со цел им се оддаде почит и внимание во пресрет на празниците. Градоначалникот Иван Јорданов на истите им посака да имаат помалку работа и да бидат ефикасни на својата задача и понатаму во следната година.
“Традиционално на испраќањето на старата година и денот кога се дочекува новата година, остваривме средба со претставници на институциите, кој што вечерва ќе бидат дежурни. Во име добрата соработка традиционално секоја година и врачуваме вредносен ваучер. Посакувам и оваа година службите и институциите кои што ќе бидат дежурни да имаат помалку работа да бидат ефикасни на висина на задачата, имајќи во предвид дека оваа година ќе имаме и јавен организиран дочек.“, вели Јорданов
Претставниците на институциите посакаа наредната година да биде по малку бројна со интервенции и да има добро здравје и убави мигови.
Инаку настанот се одржа во просториите на Општина Штип, а на истиот присуствуваа сите одговорни лица од инстуциите на итната медицинска помош, тппе, цук, кпд, филтер станицата, армијата и други.
Лаура Стојанова, М-Нет