Вонредна крводарителска акција во Штип

Штипјани денес ја потврдија својата хуманост кога се работи за дарување крв. На вонредната крводарителска акција во организација на Општинскиот Црвен крст донирани се 42 крвни единици . Од Црвен крст Штип изразуваат благодарност до крводарителите, кои беа снабдени со заштитни маски за повеќекратна употреба. ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип донираше 500 заштитни маски за потребите на Одделението за трансфузиологија во Штип.

Славица Величковска