Возила ќе се регистрираат и во сабота, од утре ново продолжено работно време во Штип

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи – Отсек за управни работи Штип, од утре (04.06.2026) во областа на регистрација на возила, ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, како и дополнително во сабота од 08:00 до 12:00 часот.

Продолженото работно време се воведува со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се овозможи поефикасна и навремена услуга во постапките за регистрација на возила.

Министерството за внатрешни работи и понатаму останува посветено на унапредување на услугите и подобрување на сервисот кон граѓаните.