
Заврши сезоната во Супер лигата во женска конкуренција, а со тоа е позната и листата на најдобри стрелци за сезона која измина.
На врвот убедливо најдобра е ракометарката на Астибо, Марија Анчева која постигна фантастични 252 погодоци во сезона 2025/2026. Анчева која со години е најдобар стрелец во Македонија оваа сезона е единствената која ја помина границата од 200 погодоци, со оглед на тоа што ракометарката на Спартак, Зорица Андовска има постигнато 174 погодоци само по себе зборува дека Анчева е без конкуренција.
Дополнително, Анчева овие 252 погодоци ги постигна на 24 натпревари, а Андовска на 25 меча.
На третото место на листата на најдобри стрелци заврши Мариана Силва Азеведо од екипата на Куманово со 173 погодоци.
Најдобра стрелец на шампионот Ѓорче Петров е Емилијана Ризоска со 158 гола, а пак на Пелистер најдобар стрелец беше Анастасија Тодоровска со 156 погодоци. Прво име во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со 152 гола, а за Чаир најдобар стрелец беше Биљана Дамчевска со 136 гола.
Александар Ванев, М-Нет