Возачи од Злетово и Каменица пијани управувале возила, едниот направил и сообраќајка

Возачи од Злетово и Каменица пијани управувале возила, едниот направил и сообраќајка. Кај лицето од каменица измерени дури 2,52 промили алкохол во крвта, а кај лицето од злетово 1,84

На 03.12.2025 во 17:50 часот на крстосница помеѓу ул.„Македонија“ и ул.„Бошко Петров“ во с. Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(28) од с.Злетово, пробиштипско. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

Имено во истиот ден, само во 15:50 на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“