Водата од Калиманци пуштена, сеидба на ориз започната

Водата од системот Калиманци е пуштена во реките и оризопроизводителите започнаа со сеидба. Дури 90% од површините се подготвени, но водата во целост ќе се пушти во системот за неколку дена. Садењето се одвива според динамиката на полнежот на водата, а земјоделците се надеваат на добра есен. Крупните сорти се во фокусот, бидејќи тие се барани на пазарот.

,,Да веќе водата е пуштена од системот од Калиманци, пуштена во реките. Прифатена од страна на оризопроизводителите таму каде што е спремена самата површината. Во главно 90 проценти се спремни, меѓутоа се пуштени сега моментално само во речните корита, додека во системот ќе се почека уште неколку дена.”, велат оризопроизводителите

Површините за ориз се намалени за 50%, но се планира нивно зголемување во текот на сезоната како што ќе расте нивото на водата во браната Калиманци.

,,Сеидбата зависи од динамиката на полнежот на вода во оризовата површина. Очекуваме час поскоро да заврши, бидејќи сега започнувам со седиба на овие крупни сорти. Иако рокот е речиси пробиен, се надеваме дека есента ќе биде добра за оризот, па затоа ќе одиме со крупните сорти, која ја бараат и пазарот и откупувачите како сорта. Површините се намалени на 50 посто. Се договоривме со министерот да се зголемуват површините со надоднување како што ќе се зголемува количината во браната Калиманци.”, додаваат оризопроизводителите

Оваа година, оризопроизводителите се соочуваат со нови предизвици, но остануваат оптимисти за успешна жетва, со надеж за стабилен род и подобри услови за работа.

Иван Митев, М-Нет