
Родот на нивите во овчеполе се суши, 10тина дена земјоделците од Свети Николе и Лозово се соочува со суша бидејќи нема вода од ситемот за наводнување. Големи штети годинава ќе има кај детелината, бостанот, пченката, лозовите и овошни насади.
Одговорен за дистрибуција е подружницата водостопанство во Свети Николе. Но, кога побарале одговор кога ќе добијат вода, топката ја префлувале на друго место.

Драги Павлов е еден од 4.500 индивидуални земјоделци во овчеполскиот регион. Од производство на земјоделски култури егизистираат десет члена од неговото семејство.
Земјоделците од овој регион бараат итна средба со министерот, Љупчо Николовски и на лице место да види со какви проблеми се соочуваат. Во спротивно најавија дека ќе организираат протести и блокади.
Лаура Стојанова М-Нет