Десет години ист проблем, жителите од кочански Шатровик газат по фекалии

Десет години ист проблем за жителите во кочански Шатровик. Речиси секој ден канализацијата тече по улицата, а жителите газат по фекалии. Јане во оваа населба живее дестина години. Вели реагирале многупати до сега до КЈП Водоводо Кочани за проблемот да се реши, но на виделина решение сѐ уште нема. И покрај тоа што екипи неколку пати во десет години се обиделе да реагираат, сепак фекалиите од канализацијата својот пат го наоѓаат по улицата. Според него сегашните оправдувања на претпријатието не држат вода.

„На раскрсницата овде на влезот во Шатровик речиси нон стоп тече канализацијата, фекалии по улицата. Дестина години живеам во оваа населба, десетина години со ред овој проблем е присутен. Од 365 дена во годината канализацијата исктекува. Пријавувавме повеќе пати, интервенираа, поправаа нешто, но велат премногу стрмно било поставено и тешко било за регулација, тесни биле отворите, граѓаните несовесно фрлале тврди предмети во канализацијата. Сѐ тоа е убаво за оправдување, но овде живеат неколку илјади луѓе и постојано газат фекалии, тоа оправдување не држи вода по мене.“

За проблемот освен од претпријатието запознаени вели Јане се и од Општина Кочани. Според него најверојатно од невремето пред недела дена, денес тие повторно газат по фекалии.

За проблемот одговор побаравме од КЈП Водовод. Од претпријатието во телефонски разговор за М-Нет телевизија истканаа дека станува збор за посериозен проблем. Металните капаци на шахтите биле украдени, па невремето зад себе оставило шахти полни со песок и други отпадоци кои продонеле канализацијата да заврши на улица. Додаоа дека ќе се интервенира веднаш, а во зависност од усовите можно е да се вклучи и градежна машина за санација на проблемот.

Лаура Стојанова М-Нет