Воведени нови линии во градскиот превоз до Лакавица и Селце, како и до Долни Блаван и Караорман

Воведени две нови линии во градскиот превоз на територија на Општина Штип и Карбинци. Се воведува четврта зона која ја опфаќа новата линија од Трговскиот центар до Лакавица, Софилари, Пенуш, Драгоево, Селце, достапна за учениците но и сите останати граѓани. Втората линија која се воведува е до Караорман и Долни Балван. Целта е граѓаните од сите населени места да може да го користат градскиот превоз и побрзо и поевтино да простигнат до саканата локација.

„Уште со почетокот на функционирање на градскиот превоз кон граѓаните се обврзавме дека главен фокус има развојот на оваа дејност како и постојаното подобрување на оваа дејност. Со започнување на учебната година во функција ќе бидат ставени две нови линии, едната е на територија на Општина Штип која ќе оди до Лакавица и Селце, а втората до Долни Балван и Караорман.“ – вели Стефановски.

Термините на новите линии ќе бидат прилагодени на учениците однонсо нивно тргнување и враќање од училиште, ама превозот може да го користат и сите останати граѓани. Може да се користат дневните, месечни и годишни билети. Сите термини и цени ќе бидат соодветно и навремено објавени за граѓаните.

Со воведување на нови линии во градскиот превоз, но и меѓуопштинскиот се работи на полесен транспорт на граѓаните, но и реализација на нивните барања.

Лаура Стојанова М-Нет