
Дополнителен пласман на сливите од Источниот регион бара Министерството за земјоделие, бидејќи се уште има лански сливи кои стојат непродадени. Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, кој денеска беше во посета на Свети Николе, посочи дека ваквата ситуација е наследна, но тие се насочени кон изнаоѓање на пласман и ја следат состојабата со цел да се елеминира загубата.
„Во делот со производителите на сливи од Истокот на Р. Македонија сме во секојдневна комуникација, ние како министерство бараме дополнителен пласман на оваа слива која што се јавува како род. Ова е наследена ситуација, требаше некој друг претходно да го спреми тернот за да немаме вакви проблеми, затоа ние сме посветени во делот на изнаоѓање на пласман и како влада го следиме дали ќе треба дополнително да следиме за да се елеминира ова загуба што се очекува да се случи во делот на истокот.“ – изјави Трипуновски
Министерот Трипуновски истакна дека на последната седница е назначен и нов директор на АД„Водостопанство“ и на управата за водостопанство со цел да се промени менаџирањето, да се направи реорганизација за следната сезона на полевање да помине во најдобар ред без никакви проблеми со водоснабувањето.
„На последната седница веќе е назначен нов директор на АД „Водостопанство“ и на управата за водостопанство кои што се практично две институции кои ќе треба да го менаџираат управувањето со водните ресурси во држават. Веќе е направен план со одредена реорганизација, се со цел наредната сезона за полевање да ја пречекам подготвени и да бидеме спремни за да не се соочиме со предизвици и проблеми кои се случуваа во минатото.“ – додава Трипуновски
Дециден дека владата ќе обезбеди доволен број на финансиски средства во буџетот за 2025 година за да можат да се санираат сите уништени системи кои практично денес се нефункционални и најголем проблем бидејќи нема вода или немаше доволна количина на вода со што трпеше и самото земјоделско производство.
Лаура Стојанова, М-Нет