
Водечките екипи екипи кои водат трка за влез во кошаркарската Суперлига за следната сезона овој викенд на домашен терен ќе бараат нови победи. Колото се отвара утре со натпреварот во 15 часот меѓу фаворитит Струмица и Вардар.
Натпревар кој се игра во салата „Никола Карев“, а каде кошаркарите на Струмица ќе ја имаат улогата на фаворити на овој меч.
Истиот ден, од 17 часот Борец Баскет како фаворит пред домашната публика во Велес ќе се соочи со Водно Санс, меч кој се игра во салата „Гемиџии“.
18:30 часот тимот на Бутел како фаворит ќе го пречека составот на Мега Баскет и на домашен паркет ќе бара нова победа на патот кон остварување на целта.
Колото се затвара в недела во Штип, каде во салата „Јордан Мијалков“ кошаркарите на Соколи ќе ги одмерат силите со Охрид. На првото соочување штипјани беа убедливи и го декласираа Охрид во гости, а в недела како големи фаворити „соколите“ ќе бараат сигурна и убедлива победа над охриѓани.
Во однос на табелата Бутел, Соколи, Струмица и Борец Баскет имаат по 17 бодови, Мега Баскет и Вардар го делат петтото место со по 14 бодови, а пак со по 12 бодови на дното се Водно Санс и Охрид.
Во плеј-аутот продолжува борбата за опстанок. Утре во салата „Независна Македонија“ во Скопје тимот на Младинец ќе бара победа за опстанок против Овче Поле, а гостинскиот тим ќе ја има улогата на благ фаворит. Мечот стартува во 12 часот.
В недела се играат два натпревари. Од 13 часот лидерот Тетекс ТТК ќе игра против последнопласираниот Спортисимо. Екипата на Тетекс е голем фаворит, ќе биде големо изненадување ако „фенерџијата“ успее да слави во Тетово.
Од 15 часот во Струга се игра мечот меѓу Црн Дрим и Ролинг од Струга, каде струмичани ќе се обидат да дојдат до триумф и чекор напред кон сигурен опстанок.
На табелата на врвот е Тетекс со 15 бодови, на делба на второто место се Овче Поле и Црн Дрим со по 13 бодови, Ролинг е четврти со 11 бодови, Младинец и Спортисимо го делат дното со по десет бодови.
Александар Ванев, М-Нет