
Натпреварите во рамките на училишниот спорт земаат се повеќе замав во кои до израз доаѓа работата на спортските педагози и резултатите на нивните ученици – спортисти. Во оваа работна недела во Штип се одиграа општински и зонски натпревари во повеќе спортски дисциплини и во конкуренција на основни и на средни училишта. Според информациите од спортскиот педагог Трајче Филипов се постигнаа следните резултати:
Одбојка – машка конкуренција, средни училишта
Славчо Стојменски – Сергеј Михајлов 1:2
Јане Сандански – Коле Нехтенин 1:2
Коле Нехтенин – Сергеј Михајлов 2:0
- Коле Нехтенин
- Сергел Михајлов
- Јане Сандански
Одбојка – женска конкуренција, средни училишта
Славчо Стојменски – Коле Нехтенин 2:0
Јане Сандански – Коле Нехтенин 2:0
Јане Сандански – Славчо Стојменски 2:1
- Јане Сандански
- Славчо Стојменски
- Коле Нехтенин
Во зонски натпревар Футсал за средни училишта во женска конкуренција се постигнаа следните резултати:
- Јане Сандански 1 (Штип) – Јане Сандански (Струмица) 0:6
- Јане Сандански 2 – Јане Сандански (Струмица) 1:8
- Јане Сандански 1 – Јане Сандански 2 4:2
Победник e екипата на Јане Сандански од Струмица која продожува понатаму во Регионалните натпревари.
Се одиграа и зонски натпревари во Ракомет – женска конкуренција за средни училишта во кои победник е екипата на Јане Сандански од Штип која продолжува понатаму на регионално ниво.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk